Познати

Мирка има 33 години и 4 деца: Ова е тајната за совршеното тело на убавата актерка

Мирка не крие дека со години е на одредена диета и дека благодарение на тоа има прекрасно тело.

Мирка има 33 години и 4 деца: Ова е тајната за совршеното тело на убавата актерка

Актерката Мирка Васиљевиќ (33) важи за една од најубавите жени на балканската јавна сцена, а иако има четири деца, може да се пофали со брутален изглед.

Мирка не крие дека со години е на одредена диета и дека благодарение на тоа има прекрасно тело.

-Мојот појадок е квалитетен, па има јајца и малку шунка. Но, внимавам да не јадам леб со него. Ручекот е обично месо со некои салати или риба, јас сум некој што сака да проба се. Вечерата навистина треба да биде апсолутно лесна – така што кога вечерате, дури да се чувствувате како да сте ја јаделе. И најдобро би било да вечерате до седум или осум часот навечер. Или најдобро – спиј и ќе си го излажеш гладот, па наутро, кога ќе се разбудиш, посилно појадуваш,  изјави Васиљевиќ.

Актерката на Инстаграм откри каков пијалок пие секое утро.

Чаша млака вода во која исцеди половина лимон, додаде колаген, бибер, цимет и куркума е првото нешто со што Мирка го започнува денот. Инаку, салото на стомакот и надуеноста може значително да се намалат со овој напиток.

По ова, следува нејзиното дневно мени:

Појадок: Изматени јајца со печурки, 30 грама ржан леб и 250 милилитри јогурт (1,5% млечна маст)

Ужина: 150 грама сезонско овошје по избор и 20 грама печени бадеми.

Ручек: Пилешко со тиквички, модар патлиџан и пиперка.

Вечера: Медитеранска салата.

Најнови вести од Познати

To top