Раперот Канје Вест е обвинет дека удрил човек по лице откако тој наводно сексуално ја нападнал и непримерно ја допирал неговата сопруга во Лос Анџелес.
Тој, наводно, удрил неименуван маж, за кој полицијата во извештајот вели дека „ја турнал“ сопругата на Вест, Бјанка Ценсори.
Но, адвокатскиот тим на раперот изјави за „Дејли Меил“ дека Бјанка не била само турната. Наместо тоа, тие тврдат дека мажот сексуално ја нападнал, поточно дека ги ставил рацете под нејзиниот фустан, ја фатил за половината и ја бакнал.
Канје потоа го удрил со тупаница. На неименуваниот маж не му била потребна терапија за повредите, но поднел пријава за напад во полиција.
Вест и неговата избраничка побегнале од местото на настанот.