Познати

Мајката на Бијонсе откри дека води борба со ракот

Мајката на Бијонсе откри дека води борба со ракот

Тина Ноулс, мајката на познатата пејачка Бијонсе, во најновото интервју откри дека води тајна борба со ракот.

На Тина, која има 71 година, неодамна ѝ беше дијагностициран рак на дојка во прв стадиум. Лекарите ја поставија дијагнозата откако открија два тумори за време на мамографија, пишува Дејли Меил.

Селестин Ан Тина Бијонсе Ноулс е американска бизнисменка, моден дизајнер и филантроп позната по основањето на брендовите House of Dereon и Miss Tina by Tina Nowles.

Таа е мајка на пејачките Бијонсе и Соланж Ноулс. Таа беше во брак до 2011 година со нивниот татко Метју Ноулс, менаџер на „Дестинис Чајлд“.

За нејзиниот придонес во модниот бизнис, Ноулс беше наградена на Наградите на Советот за извонредност во 2001 година.

To top