Лијам Пејн добил е-пошта што го разгневила толку многу што тој го скршил лаптопот само неколку минути пред да умре, изјави една жена која е меѓу последните кои го виделе жив.
Ѕвездата на One Direction ја отворил пораката која ја добил преку е-поштата и извикал безобразни зборови, па го скрши својот преносен компјутер.
Младата жена чиј идентитет не е познат, но ја нарекуваат Ребека, за MailOnline рече дека го видела Пејн како лежи на софата во фоајето и ги чита мејловите, пред да биде видно вознемирен.
Таа беше во истиот хотел со Лијам, хотелот Каса Сур во Палермо, кога имаше, како што рече, „вознемирувачко“ време со ѕвездата на One Direction – само неколку минути пред тој да падне во смрт од балконот на третиот кат.
„Тој ги отвори своите мејлови и виде една порака која јасно го вознемири“, изјави Ребека (28) ексклузивно за MailOnline. „Одеднаш го зеде компјутерот, извика „е*и го ова другар“ и почна да го удира компјутерот на земја.
Неполн половина час подоцна пристигнала брза помош и полиција, откако ѕвездата паднала од балконот во дворот на хотелот. Сè уште не е познато кој го испратил мејлот или каква е неговата содржина, но тој доаѓа во време на тежок период за поп-ѕвездата. Полицијата запленила мобилен телефон и лаптоп од неговата хотелска соба и треба да ги анализира уредите.
Пред само две недели, неговата издавачка куќа Universal Music го отфрли, ставајќи крај на неговите планови за втор соло албум. Во понеделникот, неговата поранешна партнерка Маја Џејмс презеде правна постапка против Пејн, обвинувајќи го дека опсесивно контактирал со неа и ги „свртел“ обожавателите против неа.