Познати Инстаграм

Лидија Вукичевиќ покажа како навистина изгледа: Без филтри ја истакна природната убавина

Евидентно е дека Лидија изгледа одлично на почетокот на седмата деценија од животот, додека нон-стоп добива комплименти за својата линија, а често го привлекува вниманието со разголени фотографии.

Лидија Вукичевиќ покажа како навистина изгледа: Без филтри ја истакна природната убавина

Познатата актерка Лидија Вукичевиќ (61) не крие дека нејзиниот изглед многу и помогнал во животот.

Често се шпекулира дали отишла под нож поради својот изглед, а таа истакнува дека само едно нешто средила на себе.

-Единствено што направив на лицето беше третман во вид на боцкање, кој ја промовира работата на колагенот. Ја прави кожата кадифена. Освен тоа, ништо друго не направив, ниту операции. Суштината на мојот младешки изглед е тоа што се дотерувам од својата 18-та година. Мајка ми беше строга и загрижена за изгледот на мене и на сестра ми, уште како млади девојки почнавме да користиме креми за лице. Покрај тоа, генетиката, имам убава кожа благодарение на мајка ми. Водам здрав живот, не пијам, не пушам, се хранам поздраво, а сето тоа резултира со ваков изглед, откри во една прилика Лидија и додаде дека освен горенаведената корекција, се друго е природно.

-Не ја исправам косата, природно е виткана. Имам свои нокти, не сакам вештачки. Мои се и забите. Никогаш не сакав да носам протези и да имам неприродно бели заби. Ги одржувам така што одам на стоматолог на секои два месеци и користам црна паста за да ја задржам белината на забите, изјавила актерката.

Сега таа покажа како изгледа без филтер, па на нејзиниот Инстаграм профил се појави неуредена фотографија.

Евидентно е дека Лидија изгледа одлично на почетокот на седмата деценија од животот, додека нон-стоп добива комплименти за својата линија, а често го привлекува вниманието со разголени фотографии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)

Најнови вести од Познати

To top