Бивша мисица, манекенка, модел, последниве години и пејачка… Поранешна сопруга на пејачот со „Х-фактор“, која по разводот од него со ХХL чекори тргна по патот до успехот и засега добро и оди.
View this post on Instagram
Згодна, атрактивна, провокативна, сексапилна… Со својата појава постојано предизвикува возбуда мамејќи воздишки и на настапите и на фотографиите и видеата кои секојдневно ги споделува на социјалните мрежи. Со своите постапки ја бранува јавноста која љубопитно посакува да и ѕирне во душата.
Бројот на нејзините следбеници од ден во ден е се поголем, особено на оние машките чии очи секојдневно ги полни со „влажни погледи“ на нејзините разголени фотографии на своите Инстаграм профили.
View this post on Instagram
Љубовните авантури до сега успешно ги криеше од јавноста, освен онаа последната, која мирисаше на сериозна врска која неодамна и самата ја оконча… Веројатно како избор меѓу љубовта и кариерата, го одбра трнливиот пат до слаткиот вкус на славата, чиј благодети допрва треба „до балчак“ да ги почувствува.
Покрај сето ова, таа е грижлива и посветена мајка, во чие срце има место за само еден мал, но за нае најголемиот човек на светот – најзиното синче Давид.
View this post on Instagram
Со атрактивната тетовка за нејзиниот приватен живот и пејачката кариера која решила бескомпромисно да ја тера, за написите во медиумите, коментарите на социјалните мрежи, естрадно-кулоарските муабети, кавги и озборувања, за тоа што е, а што не е вистина, а се зборува за неа…
View this post on Instagram
За приватната дружба со српките музички ѕвезди – од Саша Ковачевиќ и Гастоз до Љуба Перуќица со кои е повеќе од само пријателка или „приватно блиска“ ама на „пристојна дистанца“, за пеењето, имиџот, облекувањето, однесувањето, за мајчинската љубов кон своето чедо и уште многу што нешто што никаде не сте го сретнале, ниту пак ќе сретнете на друго место нешто слично… со Кристина Димитри која гостува во најновото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски.