Познати The Royal Family

Кралот Чарлс ја додели титулата „Дама на Британската империја“

Eдна од најголемите почести во нејзината кариера.

Кралот Чарлс ја додели титулата „Дама на Британската империја“

На официјалниот Инстаграм профил на британското кралско семејство беа објавени две фотографии од доделување на награди.

Имено, уредничката на списанието „Вог“, Ана Винтур ја доби една од најголемите почести во нејзината кариера кога кралот Чарлс и ја додели титулата Дама на Британската империја за нејзиниот значаен придонес во модната индустрија.

Facebook / The Royal Family

Големо внимание привлече нејзината реакција за време на церемонијата кога за „прв пат“ ги извади заштитните очила кои вообичаено никогаш не ги вади.

Овој редок момент предизвика многу коментари кај корисниците на социјалните мрежи, од кои многумина беа воодушевени од нејзината насмевка и гест на симнување на очилата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

И секако има и други коментари кои беа критички настроени кон ова признание.

To top