Јелена Спасиќ без влакна на јазикот каква што ретко кога сме имале можност да ја видиме на телевизија говореше многу опуштено во подкастот Pet Podcast Kitanovski кај соколарот Трајче Китановски.
Во подкастот кој е вистинско освежување во етерот и е единствен од овој карактер имено се говореше и за животните, а емисијата ја збогати и прекрасната Ара папагал за која водителот Китановски изнесе интересни факти.
Преубавата Јелена Спасиќ говореше за тоа колку е тешко да се најде гостин за во емисија, дали и откажал гостин пред самото снимање, како се справува со соговорници кои одговараат со кратки одговори, за своето искуство околу снимање на реклами, за „Фчерашни новости“ и на многу други теми.
Спасиќ како никогаш до сега зборуваше и за својата новинарска фела „новинарството не е за секого, новинарството не е за оние кои се прешалтуваат од една во друга партија“ и уште многу други работи ги кажа искрено токму онака како што ги мисли.
Сето тоа, можете да го видите во подкастот Pet Podcast KITANOVSKI