Познати

Ќерката на Здравко Чолиќ се пофали со целиот луксуз во домот – новогодишната елка е како од бајките, а под неа детаљ кој ги исполнува сите желби (ФОТО)

Во позадина се гледа и каминот во домот кој дава посебна енергија и топла атмосфера во пресрет на студените денови и Новата година која доаѓа за две недели.

Ќерката на Здравко Чолиќ се пофали со целиот луксуз во домот – новогодишната елка е како од бајките, а под неа детаљ кој ги исполнува сите желби (ФОТО)

Музичката легенда Здравко Чолиќ со семејството ужива во огромна вила во Белград, а сега неговата постара ќерка откри како е украсен нивниот дом во пресрет на празниците.

Уна сподели фотографија од новогодишната елка, а од неа може да се видат украси во сива боја, како и фигура на Дедо мраз во бела боја.

Во позадина се гледа и каминот во домот кој дава посебна енергија и топла атмосфера во пресрет на студените денови и Новата година која доаѓа за две недели.

Инаку неодамна пејачот открил во какви односи е со своите ќерки.

Ние имаме почитување кое се губи во денешното современо друштво, технологијата која зема се поголем замав се повеќе врши притисок кон нормалниот однос. Тоа што го донесов од дома, почит, чест и чист образ сакам и тие тоа да го поседуваат и да го наследат. Најважното е дека не е се во парите и богатството, најважно е и да бидат вредни, утре ќе мора сами да живеат и сами да работат, а не да се потпираат на друг што денес е можност за многумина. Сите сакаме да се среќни и задоволни, откри во една прилика Чолиќ.

To top