Сури Круз изгледа како „слика и прилика“ на нејзината мајка, актерката Кејти Холмс, од времето на почетокот на актерската кариера. Девојката која тукушто наполни 18 години се прошета на улиците на Њујорк. Сури го прослави роденденот без нејзиниот татко, актерот Том Круз, кој не ја видел долги години ќерка си.
Сури ги актуализираше трендовите од 1990-тите, исто како што правеше нејзината мајка додека глумеше во популарната серија Досон Крик. Таа беше облечена во широки сини фармерки, широк бордо кардиган и дебела тексас јакна префрлена преку раката.
Во меѓувреме, Том Круз е зафатен со снимањето на продолжението на „Невозможна мисија“ во Велика Британија.
Сури е возрасна и „официјално“ способна да носи сопствени одлуки. Упатените велат дека таа сè уште одлучува што планира да прави во иднина, но решена е во една работа: „Том не постои за неа“.