Познати

Ќерката на Клинт Иствуд уапсена за сериозно семејно насилство!

Ќерката на Клинт Иствуд уапсена за сериозно семејно насилство!

Ќерката на Клинт Иствуд, Франческа, беше уапсена под обвинение за кривично дело семејно насилство поради наводна физичка пресметка со нејзиното момче, а подоцна беше ослободена со кауција.

Според информациите од изворот, Франческа во саботата вечерта со своето момче возела автомобил на Беверли Хилс кога меѓу нив дошло до вербална расправија која прераснала во физичка пресметка.

Изворите тврдат дека момчето на Франческа потоа повикало полиција, која го советувала да вози до безбедно место во полициската управа во Беверли Хилс за да се сретне со полицајците.

Откако и двајцата пристигнале на договорената локација, полицајците разговарале со нив и забележале видливи повреди на момчето на Франческа.

Поради ова Франческа е уапсена и обвинета за кривично дело семејно насилство. Иако момчето на Франческа одбило медицинска помош, достапните записи покажуваат дека Франческа платила кауција од 50.000 долари и набрзо била пуштена од притвор.

Франческа претходно беше дел од реално шоу со своето семејство во 2012 година, а глумеше и во филмови како „M.F.A“. и “Clawfoot”.

Нејзината мајка е познатата актерка Френсис Фишер, која се прослави со улогата на мајка Роуз во филмот „Титаник“.

To top