Американската актерка Камерон Дијаз (51) и нејзиниот сопруг музичар Бенџи Мејден (45) објавија дека добиле второ дете – син кој го нарекле Кардинал.
Двојката го доби своето прво дете, ќерката Редикд, во 2019 година, пренесува магазинот People.
-Благословени сме и возбудени да го објавиме раѓањето на нашиот син. Тој е одличен и сите сме многу среќни што е тука! За безбедност и приватност на детето, нема да објавуваме никакви слики – но тој е навистина сладок. Се чувствуваме толку благословени и благодарни, напиша Дијаз во објавата на Инстаграм.
Дијаз и Мејден се венчаа во 2015 година по осум месеци врска. По долга пауза, таа треба да се појави во комедијата на Нетфликс „Back to Action“ во која глуми со Џејми Фокс, како и во шоуто на Apple TV со Киану Ривс.
View this post on Instagram