Познати Бакингемската палата

Каква музика слуша Чарлс Трети?

Емисијата ќе се прикажува в понеделник наутро, на националниот празник на Велика Британија – Денот нa Комонвелтот.

Каква музика слуша Чарлс Трети?

Британскиот крал Чарлс Трети учествуваше во радиоемисијата „The King’s Music Room“ (Музичкиот простор на кралот) на „Епл мјузик“ (Apple Music). Споделувајќи со слушателите што најчесто слуша, тој ги истакна жанровите диско, реге и афробит.

Снимајќи го радиопреносот во својата канцеларија во Бакингемската палата, кралот раскажа бројни анегдоти од неговите средби со некои од уметниците и откри кои одбрани песни го обликувале „саундтракот на неговиот живот“. Тој зборуваше и за влијанието што музиката го има врз него, во миговите на среќа, радост и задоволство, но и утеха во време на тага.

– Во текот на мојот живот, музиката ми значеше многу. Знам дека тоа е случај и со многу други. Ја има оваа извонредна способност да врати среќни спомени што никнуваат од најдлабоките краеви на нашето сеќавање, да нè утеши во тага и да нè однесе на далечни места. Но, можеби, пред сè, може да ни го подигне духот… Значи, ова е она што особено сакав да го споделам – песните што ми донесоа радост, рече кралот Чарлс во најавата за специјалната емисија.

Боб Марли, Кајли Миног, Грејс Џонс, како и поновите уметници Давидо и Реј се редовни на „плеј-листата на кралот. Емисијата ќе се прикажува в понеделник наутро, на националниот празник на Велика Британија – Денот нa Комонвелтот.

Најнови вести од Познати

To top