Јована Костадиновска е познато македонско ТВ лице. Освен во своите емисии, таа редовно се појавува на најважните настани во Скопје, па така беше и синоќа на изборот за „Маж на годината“.
Убавата водителка сме ја виделе во секакви модни изданија, но вчера остави посебен впечаток носејќи моќна црна комбинација.
-Деловниот изглед ми е заштитен знак, одговара на мојот сензибилитет и најчесто без разлика дали сум на емисија, настан или приватно може да ме видите во таков стил. Според мене тој стил ја истакнува женственоста од една страна и јачината на жената од друга страна, идеална комбинација. Создадов женско трио кое ме познава и го вади најдоброто од мене, Едита Хусеиновиќ-vip studio park, Христијана Голубовиќ-suits.mk и Јована Георгиевска colorato earme, истакна таа.
За Јована било чест и задоволство годинава да застане на сцената на 6. Избор на Маж на годината 2023, кој прерасна во манифестација која препознава и наградува позитивни примери во општеството, со цел да даде мотив, но и инспирација за младата генерација.
-Приватно и професионално да се постигне успех воопшто не е лесно, тоа е предизвик со кој се бориме секојдневно, но и не е невозможно, едноставно треба да бидеме храбри, да имаме цел и да работиме, успехот неминовно ќе дојде, а за среќа има и кој да го забележи и да ве награди веќе 6 години Избор на мажи на годината, посочи Костадиновска.