Познати

Израелската продуцентка Дана Еден пронајдена мртва во хотел во Атина

Израелската продуцентка Дана Еден, авторка на серијата „Техеран“, вчера беше пронајдена мртва во хотел во Атина, а според првичните, неофицијални информации, веројатно станува збор за самоубиство, јави дописничката на МИА од Атина.

Продуцентката била во Атина за снимањето на четвртата сезона од успешната и наградувана серија, што меѓу другото во 2021 година ја освои меѓународната награда Еми, а се емитуваше на Apple TV.

Според израелските медиуми, во серијата се користеле делови од грчката метропола како замена за Техеран, а 52-годишната Еден донела одлука снимањето да биде во Атина, по приватна посета за одмор и бил воодушевен од визуелните сличности меѓу двата града.

Синоќа, извори од грчката полиција информираа дека жена била пронајдена мртва во нејзината соба во хотел во центарот на Атина, а денеска, медиумите објавија дека станува збор за Дана Еден.

Продуцентската куќа на серијата „Техеран“, „Donna and Shula Productions“, преку социјалните мрежи ги отфрли како „лажни и неосновани“, гласините дека смртта на Еден била „предизвикана од криминал или национализам“ и апелираа до медиумите и јавноста да се воздржат од шпекулации.

Основачи на конкретната продуцентска куќа се Дана Еден и Шула Шпигел, а освен серијата „Техеран“, според израелските медиуми, продуцентките стојат зад над 40 телевизиски серии и филмови.

To top