24-годишната инфлуенсерка Федра Одед била застрелана сред бел ден додека седела во својот автомобил Мерцедес во четвртокот. Популарната ѕвезда на социјалните мрежи била паркирана пред салата за фитнес во населбата Лопез Лусио во Мексико каде трагично загина.
Вооружениот напаѓач дошол кон нејзиниот автомобил во 8:35 часот пред да испука неколку истрели низ прозорецот на автомобилот. Убиецот потоа побегнал од местото на злосторството.
Очевидците брзо повикале брза помош, а доктори пристигнала да и помогнат на Федра. За жал, по нивното пристигнување само констатирале смрт.
Полицијата сега трага по убиецот.