Турската актерка Мерјем Узерли, која публиката ја обожаваше по улогата на султанка Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, вчера го славеше својот роденден.
Наместо гламурозна забава и рефлектори, Мерјем одлучи овој посебен ден да го помине во кругот на своите најблиски.
Нејзината сестра, родителите и двете ќерки беа присутни на прославата што ја организираше Мерјем, познатата султанка Хурем, по повод нејзиниот 42-ри роденден, а судејќи според фотографиите, атмосферата беше исполнета со смеа, прегратки и нежни семејни моменти.

На масата доминираа елегантни роденденски торти со слики од членовите на нејзиното семејство, а просторијата беше украсена со цвеќиња и балони во златни тонови.
Славеничката блескаше во златен фустан, а позираше и со својата сестра Џанан. Сестрата на познатата Хурем исто така имаше фустан во златни тонови, а двете позираа боси, докажувајќи колку опуштена била атмосферата во домот по повод нејзиниот роденден.

Освен Џанан, на прославата на роденденот присуствуваа и родителите на славеничката – мајката Урсула и таткото Хусеин.

И двајцата беа во златни тонови, исто како ќерките на познатата актерка, Лара и Лили, кои уживаа во топлата семејна атмосфера.

Мерјем им се заблагодари на сите за честитките на социјалните мрежи и рече дека нејзиниот најголем дар е времето поминато со оние што ги сака.
View this post on Instagram