Познати

Хејли Бибер за бременоста: Мислев дека ќе се породам рано, но моето тело имаше свој план

Хејли Бибер за бременоста: Мислев дека ќе се породам рано, но моето тело имаше свој план

Хејли Бибер откри дека имала големи здравствени проблеми пред да забремени со синот Џек Блус.

Бибер зборуваше за своето патување до раѓањето на својот син во подкастот „She MD“.

-Бременоста беше изненадување. Имав преграда во матката, а докторот рече дека мора да се погрижиме за тоа пред да забременам бидејќи потенцијално може да биде проблем. Потоа реков дека не размислувам за бременост и потоа магично забременив, рече таа.

Хејли понатаму истакнува дека го замолила докторот да и’ ги објасни ризиците од нејзината здравствена состојба и дека на крајот сè било во ред.

-Бев убедена дека ќе се породам рано поради семејната историја, но моето тело имаше свој план, изјави таа.

Неодамна призна дека посакува повеќе деца во иднина, нагласувајќи дека не планира однапред, но дека желбата постои.

-Дефинитивно сакам уште едно дете. Можеби три или четири, навистина не знам. Одам ден по ден, рече таа.

To top