Познати „Пукна“ тиквата

Го смачкала дијамантскиот прстен: Славната пејачка ја раскина веридбата, еве каков шок доживеала

Не би сакала никому да му се случи тој шок што го доживеав, рекла пејачката.

Го смачкала дијамантскиот прстен: Славната пејачка ја раскина веридбата, еве каков шок доживеала

Пејачката Оља Бајрами пред само неколку месеци беше запросена од момчето во ресторан во Минхен и за само еден ден целосно и пропаднаа соништата за идеална љубов.

Имено, Оља ја раскина свршувачката, а сега откри што всушност се случило и зошто решила да ја прекине нивната врска.

-Вистина е, го фрлив дијамантскиот прстен, прво го смачкав. Се скаравме за некои работи, а тој брзо излезе со поранешната девојка. Не би сакала никому да му се случи тој шок што го доживеав, рекла пејачката, а потоа ги открила деталите од хаосот низ кој поминала.

-Постојано го поставував прашањето зошто! И досега не сум добила одговор што е човечки, но прстенот е фрлен и веридбата е прекината затоа што за мене тоа е предавство на љубовта, изјавила Оља.

Да потсетиме, Оља Бајрами во октомври минатата година се пофали со дијамантски прстен кој и блескаше на раката и на социјалните мрежи објави фотографии со нејзиниот вереник.

-Господинот совршен постои, изјави тогаш пејачката, по романтичната свршувачка.

Најнови вести од Познати

Теми на денот

To top