Познатиот хрватски актер Бранко Смиљаниќ почина на 67-годишна возраст по долга борба со тешката болест.
Тажната вест ја потврди Петра Мрдуљаш од Односи со јавност на Загребскиот куклен театар.
Бранко е роден 1956 година во Загреб, а глумеше во бројни хрватски серии.
Меѓу нив: „Љубов во заднината“, „Забранета љубов“, „Гордоста на Раткајите“, „Битанги и принцези“…
Беше член и на Куклен театар во Риека од 1978 до 1985 година. Во Загребскиот куклен театар е од 2003 година и играше во претставите „Одисеја“, „Малата сирена“, „Нева Невичица“ и „Волшебната флејта“.