„Денес завршува еден огромен дел од македонската музичката историја“. Ова го коментира Дарио по смртта на Тоше Поп Симонов.
-Продуцент, композитор, текстописец, аранжер, гитарист, гениј, музички иноватор и магионичар… Мојот драг другар ТОШЕ, најинтелигентната и најдуховитата скопска личност што сум ја запознал во целиот мој живот…харизма, шарм и душа широки колку цел универзум. Мајсторе, ја имав таа чест да те познавам и да се смеам со тебе, да снимаме бескрајни часови и ноќи во твоето студио, а создадовме толку многу песни…толку албуми, напиша Дарио.
„Твоите генијални текстови ДУПЛА ВОТКА и ДАЈ ДА ЗАСПИЈАМ остануваат за сите генерации и за сите времиња. Е па мајсторе, друже мој…со скршено срце и со една дупла во твое име, те оставам мирно да заспиеш и да заминеш во легендите. НЕКА ТИ Е ВЕЧНА, ВЕЧНА СЛАВА“, напиша пејачот.