Познати

Фронтменот на култната „Култур клуб“ призна: Напишав 5 албуми со помош на вештачка интелигенција

Фронтменот на култната „Култур клуб“ призна: Напишав 5 албуми со помош на вештачка интелигенција

Британскиот кантавтор и фронтмен на култната група „Култур клуб“, Бој Џорџ (64), откри дека често користи вештачка интелигенција во својот креативен процес, која, вели тој, му помага да стане подобар текстописец.

Со помош на оваа технологија, истакнува тој, веќе работел на неколку албуми.

„Веќе напишав пет албуми со помош на вештачка интелигенција. Тоа е брилијантно и нема од што да се плашите. Секогаш велам – ако робот може да ве замени, тоа значи дека не сте се потрудиле доволно. Секако дека ми е жал за луѓето што ги губат своите работни места, но вештачката интелигенција носи и многу позитивни работи“, рече Бој Џорџ во подкастот „Happy Place“ на Фирн Котон.

За време на турнејата со „Култур клуб“ од февруари, Бој Џорџ истакна дека вештачката интелигенција му овозможува да работи посамостојно.

„Имам фантастични разговори со ChatGPT. Му велам: „Овој стих не е добар, ова не е она што би го рекол“. Можете да го насочите и контролирате“, објасни тој.

Тој додаде дека не е засегнат од критиките: „Мојот менаџер ми рече синоќа: „Знаеш дека разговараш со некого во Кина“, а јас му одговорив дека не сум заинтересиран. Важно е уметниците како мене да не бидат спречени да работат на стариот начин. Јас сум пред времето“.

To top