Милена Поповиќ со новата објава повторно ги „разгорела страстите“ на Инстаграм, откако објавила жешко селфи во црн градник.
View this post on Instagram
Огнена и сензуална, Милена очигледно не се откажува од истакнувањето на нејзината женствена страна, иако поединци ја критикуваат од само ним познати причини.
Да потсетиме, Милена е вљубена во Игор Јуриќ, поради што дополнително ја интригира јавноста.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
„Со Игор се запознавме случајно, на извесна телевизија. Двајцата гостувавме, едниот подрани, другиот доцнеше и, едноставно се сретнавме и почнавме разговор. Луѓето често нè прашуваат дали трагедиите со кои се соочивме нè зближија, па подобро се разбираме, но не мислам така“, изјавила Милена за време на гостувањето кај Славица Ѓукиќ Дејановиќ.
„Случајно се запознавме, повторно нешто се случи. Едноставно, во него видов некој со кој можам да зборувам, да поминувам време, некој кој ми се допаѓа“, нагласила вдовицата на Оливер Ивановиќ.
View this post on Instagram
Нормално, бев свесна дека повторно ќе наидам на осуда, дека ќе има секакви коментари, но сега многу позрело и од некој друг животен аспект на животот и со многу помала грижа околу сето тоа, затоа што сфатив што всушност е животот и дека не вреди да се осврнуваме назад, ниту да се планира во недоглед. Се случи љубов и тоа е еден многу убав и квалитетен однос и јас сум навистина среќна денес и немам проблем тоа да го изговорам на глас. Луѓето велат „немој гласно да говориш за среќата, молчи, ќе ја расипеш“ … Не, јас го мислам спротивното. Мислам дека е вистинска реткост да бидеш вака искрено среќен и за тоа треба да се зборува на сиот глас. Дека со тоа нема да си ја расипеме среќата, таа среќа е во нас“, раскажала своевремено.
View this post on Instagram
Знаев дека некој некаде ќе успее да нè фотографира или не знам во кој контекст, но мислев дека нема ништо лошо во тоа јавноста да знае дека јас сум едноставно во една стабилна врска, во однос кој ми одговара, дека сум среќна. Не мислам дека тоа е нешто страшно, мислам дека секој на овој свет има право да сака и да биде сакан без оглед на тоа какво минато или живот имал. Не е точно дека сакаш еднаш во животот, тоа може да се случи повеќепати, можеби ќе бидат квалитетни и одлични односи. Имаше разни коментари, меѓутоа јас со текот на времето навикнав, мене тоа повеќе ме интересира како еден психолошки момент – да видам какви се луѓето, какви се нивните размислувања, но на крајот мислам дека сè се сведува на тоа каков е односот кој вие го имате и тоа едноставно е најважно.
View this post on Instagram
Секој од тие луѓе и оние кои пишуваат лошо и оние кои пишуваат убави зборови, едноставно немаат никакво влијание на вашиот живот и однос, така што, кога сте дел од јавноста тогаш и вашиот живот е изложен на јавноста и јавноста има право да ве осудува и јавно коментира, да ве мрази и обожува – сето тоа е нормално. Апсолутно ништо никому не замерувам, сакам сите тие луѓе, оние кои пишуваат лошо, оние кои пишуваат навреди, да сакаат исто како што сакам и јас денес, им посакувам доколку сега се несреќни еден ден да ја пронајдат својата среќа и својот мир бидејќи сето тоа е возможно, па така кога еден ден ќе го достигнете тој стадиум на свест кој јас го имам денес – сè во животот ќе ви се одвива многу полесно“, објаснила Милена Поповиќ во споменатата емисија.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram