Тој е борец на теренот, жесток противник на судиските неправди. Лидер, капитен, водач на екипата. Македонскиот одбојкарски репрезентативец Никола Ѓорѓиев на јавноста и е добро познат и по својата пожртвуваност во играта.
Приватно, сопруг и татко на две ќерки, кој од нив секогаш ја добива поддршката од трибините, најгласни меѓу навивачите.
Овој пат, надвор од спортскиот терен и дресот, Никола и сопругата Дани блеснаа во поинакво издание.
Таа во елегантен црн долг фустан кој ја истакнува фигурата, тој во свечено одело, присуствуваа на свадбена веселба.
Позитивните коментари се нижеа на социјалните мрежи за нежниот и елегантен изглед на парот.
Секогаш поддршка еден за друг, Дани и Никола го негуваат својот однос. Парот долгогодишната љубов ја круниса со брак во 2015 година.