Познати

ФОТО: Никогаш досега видена фотографија на Есма Реџепова од младоста

ФОТО: Никогаш досега видена фотографија на Есма Реџепова од младоста

На социјалните мрежи се појави фотографија од Есма Реџепова во младоста. Според напишаното Есма во моментот имала 35 години и е фотографирана со Ханка Палдум.

Токму Ханка се потсети на својата прва средба со легендарната македонска пејачка Есма Реџепова на социјалните мрежи и ги објави најубавите спомени.

-Слика од 1978 година и мојата прва средба со легендарната Есма Реџепова, а потоа во 2004 година заедно ја отпеавме песната „Сараево град“ на мојот солистички концерт во Зетра. Те сака и твојата Ханка, напиша Палдум на својата Фејсбук страница.

Есма Реџепова е родена на 8 август во 1943-та година.

Нарекувана е Кралица на ромската музика во светски рамки. Во 2013 ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија.

Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината.

Жената со божествениот глас почнувајќи од првите младешки музички успеси стана светски прифатена и призната. Таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

Почина на 11 декември 2016 година, во Скопје.

To top