Српската водителка Јована Јеремиќ не престанува да ги шокира српските граѓани во утринската емисија, а тие секојдневно гледаат нови “иновации“ од неа.
Таа преку својот стајлинг, однесување, начинот на разговор со гостите, темите кои ги бира за емисијата… водителката секоја недела успева да ја изненади српската јавност.
Овој пат сценографијата беше во фокусот.
Јована овие промени ги најви на самиот почеток од емисијата.
Откако ги најави промените, гордо се прошета низ студиото и седна во фотелја која е поголема од неа и личи на кралски трон.
-Добро утро почитувани гледачи, вие пратите „викенд утро“ во ново руво, се насмеа Јована и започна разговор со гостите.
-Долго размислував и посакував вакво нешто. Секогаш сакав да добијам свој трон, но сакав и тоа да биде заслужено, додава Јована.
Водителката го продолжи разговорот со гостите, а многумина не можеа да го тргнат погледот од фотелјата во која седи.