Крими серијата „CSI: Miami“ се емитуваше 10 години, од 2002 до 2012 година, а најпрепознатлив лик од серијата беше Хорацио Кејн, кој го игра Дејвид Карузо.
Дејвид Карузо играше различни детективски улоги во текот на неговата кариера, но ниту една не беше популарна како Хорацио Кејн.
После долго време Дејвид неодамна беше виден во јавност. Сосема непрепознатлив, со долга коса и неколку килограми вишок, тој бил фотографиран како влегува во својот автомобил.
Remember David Caruso #CSIMiami
Before After pic.twitter.com/dH27vPst65— Γιδοπροβατο Συλλεκτης 🫶 (@gidoprobata) November 29, 2023
Последниве години ништо не се знае за неговиот животен и љубовен статус, иако со бурните врски ги полнеше медиумските страници.
повеќе фотографии погледнете ТУКА
Зад себе има три пропаднати брака. За првпат застана пред олтарот во 1979 година кога се ожени со Шери Моханс, а со неа беше во брак до 1983 година.
Набргу по разводот, тој се ожени со Рејчел Тикотин, со која по една година брак ја добија ќерката Грета, а се разведоа во 1987 година.
Карузо стапи во својот трет брак во 1996 година со стјуардесата Маргарет Бакли, која немаше никаква врска со светот на шоу-бизнисот и неколку пати нагласи колку му е мило поради тоа. Меѓутоа, и тој брак не траел долго бидејќи се развеле по три години поради аферата што ја имал со инструкторка по јога.
На снимањето на серијата „CSI Miami“ ја запозна Лиза Маркез со која започна врска и на крајот доби две деца. Со неа заврши на суд бидејќи го тужела за емоционална вознемиреност и измама. Тврдела дека психички ја малтретирал, ја контролирал, бил посесивен и љубоморен. Тој ја обвини дека го изневерува со неговиот личен асистент, како и со неговиот најдобар пријател.