Сплитската музичарка Хана Хуљиќ Грашо неодамна објави ретка фотографија од своите деца, која изненади многу корисници на Инстаграм.
Хана ретко објавува фотографии од приватниот живот. Таа ја почитува нејзината приватност и го држи деловниот свет подалеку од нејзиниот семеен живот.
Меѓутоа, сега направи исклучок и во пресрет на Новата година на светот му ги покажа своите малечки.
На Инстаграм објави фотографија со двегодишната ќерка Алба и тримесечниот син Тони, кои ги има во брак со познатиот пејач Петар Грашо. Фотографијата е објавена на 28 декември, кога таа го прослави својот 34 роденден.
Нејзината насмевка „од уво до уво“ беше забележлива, а судејќи по фотографијата, на нејзината среќа и нема крај.
Оваа прекрасна објава наиде на позитивни реакции кај многу корисници на Инстаграм.
Петар Грашо и Хана Хуљиќ го кажаа судбоносното „да“ во 2022. Свадбената церемонија се одржа во црквата Свети Франциско во Сплит.
View this post on Instagram