Познатиот српски пејач Михајло Веруовиќ попознат како Војаж предизвика бура од реакции откако објави фотографија од теретана на која е во друштво на четворица другари од кои двајца се голи до поливина.
Војаж важи за еден од најбараните умитници помеѓу младата српска публика, но и покрај густиот распоред тој наоѓа време да оди во теретана.
Пејачот постојано се грижи за својот изглед и постојано сака да го покаже своето тело на кое е горд, но тој во оваа објава одлучи со своите следбеници на Инстаграм да сподели фотографија од теретана која предизвика бура од реакции.
Војаж на оваа фотографија позира со четворица другари, а во описот стоеше:
Екипата од џипот
Само за мало потсетување дека Војаж настапи како гостин на концертот на Александра Пријовиќ, а во таа прилика откри како реагирал кога добил повик за тоа.
Мислев дека е скриена камера, не можев да верувам дека ме бара. Ова беше навистина голем спектакл. Долго време немав почуствувано ваква еуфорија. Мило ми е што Александра препозна квалитет во мене и што можеме заедно да настапуваме и благодарам, а и посакувам и многу среќа, рече Војаж