Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина го добија нивното второ дете.
По синот Стефан, кој се роди во април минатата година, сега Даниел и Марина открија нивното семејство се проширило со нов член – ќерката Емилија.
View this post on Instagram
-Најголемата авантура на мојот живот започна. До мојата прекрасна сопруга – Марина ти си нашиот херој, те сакам, напиша Кајмакоски во објавата на Инстаграм.
Кајмакоски претходно беше во брак со манекенката Кристина Димитријевска со која го има синот Давид.