Познати мета на критики

ФОТО: Бугарската принцеза шокираше со изгледот, сите се прашуваат што и’ се случило

ФОТО: Бугарската принцеза шокираше со изгледот, сите се прашуваат што и’ се случило

Бугарската принцеза Калина е единствената ќерка на кралот Симеон II и неговата сопруга Маргарита, а таа е родена во Мадрид во 1972 година, како нивно петто дете.

Калина ретко се појавува во јавноста, но неодамна беше видена во друштво на нејзиниот сопруг Китин Муњоз и синот Симеон Хасан Муњоз во Софија.

Нејзините мускулести раце им привлекоа внимание на многумина, но тоа е само потврда на нејзините претходни изјави дека е посветена на здравиот начин на исхрана и тренинзи.


Во октомври 2002 година, принцезата се омажи за Муњоз, познат шпански морепловец и истражувач.

Нејзиниот сопруг е 14 години постар од неа, а иако се венчаа во Римокатоличката црква, добија и благослов од православната црква.

Во 2007 година, брачната двојка доби син, кој Калина го крсти по нејзиниот татко, а малиот е првиот член на бугарското кралско семејство што се родил во Бугарија од 1937 година. Момчето било крстено по православни обичаи.

Импресивна градба и необичен стил

Бугарската принцеза е позната и по тоа што е вегетаријанец и не јаде месо, а завршила престижни училишта и зборува неколку јазици. Таа се разликува од остатокот од своето семејство и по тоа што избира необичен стил на облекување и често менува фризури.

Калина често беше мета на критики поради изгледот на нејзиниот нос, а кој постојано се шпекулира дека направила естетска корекција, сепак се работи за нешто друго.

Имено, бугарската принцеза Калина се здобила со повреда поради која при пад ги скршила забите. За време на лекувањето на забите и се појавила инфекција во вилицата, па морала да оди на сериозна операција за да спречи ширење на инфекцијата. Тоа влијаело и на изгледот на нејзиниот нос.

To top