Последните неколку недели српската пејачка Анџела Игњатовиќ посната како Бресквица привлече големо внимание со песната „Гнездото на орелот“, песна со која се натпреварува на „Беовизија“, а завчера се пласираше во големото финале.
Бресквица големото внимание од јавноста освен со својата музика, го привлече и со врската со раперот Војаж.
Парот веќе долго време не е во љубовна врска, а тоа ги разочара нивните фанови, а во моментов пејачката има нова љубовна врска.
До овој момент се објавени само неколку фотографии од нив двајца, но сега јавноста поубаво го запозна новото момче на пејачката.
Никола Станисављевиќ е осум години постар од Анџела, а е вработен како полицаец, а очигледно неговите мускули привлекуваат големо внимание поради кои полудеа многу девојки.
Бресквица за новото момче избегнува да говори во јавноста, а со оглед дека тој не е позната личност пејачката проговори кои се предностите од тоа:
Мене тоа навистина ми смета, тоа е единствената работа која може да ни засмета кога новинарите не пратат, луѓето не можат да сфатат дека понекогаш ни е потребна приватност. Моето момче не сака да се појавува во јавноста, а мене ми смета што луѓето тоа не го почитуваат. Јас разбирам дека на некого тоа му е дел од работата, но многу е просто, тој не е јавна личност и не сака да биде. Генерално сега нема конкретни предности или мани, но така е како што е, мене ми е преубаво и тоа е најбитно, вели Бресквица во една емисија.