Повеќе од еден месец откако беше обвинуван за силување и физичко малтретирање од поранешната девојка Дафне Џој Нарваез – додека биле врска во 2011 година, раперот Куртис Џексон, попознат како Фифти Сент, сега ја тужи за клевета.
Поднесокот од 6 мај наведува дека јавните обвинувања за злоупотреба на интернет-просторот на Нарваез во март произлегуваат од обидот на Џексон да добие единствено старателство над нивниот 11-годишен син Сајр, откако раперот дознал дека е именувана како една од сексуалните работнички во тужбата на Родни Џонс против Шон Комбс – „Пи Диди“.
Нарваез ги негираше тие врски со Комбс.
Ова не е прв правен спор на двојката. Кога во 2013 година раскинаа по тригодишна врска, Нарваез го обвини Џексон за семејно насилство, тврдејќи дека ја удрил со нога и уништил имот од повеќе од 7.000 долари. Според наводите, Џексон се изјаснил дека нема да оспорува едно обвинение за вандализам, додека три исти други такви и една точка за семејно насилство се отфрлени.
Context/Details:
50 Cent is embroiled in a contentious legal battle with his ex-girlfriend, Daphne Joy.
Joy previously made public allegations on social media claiming that Jackson had raped and physically abused her during their relationship from 2011 to 2013.
In response,… pic.twitter.com/nqJvyKRc0j
— BoreCure (@CureBore) May 7, 2024