Познати Нов состав

Фидбек бенд доби засилување: Публиката го знае овој пејач, комбинацијата е полн погодок

-Се договоривме за нецели пет минути со новите колеги. Тоа значи дека уште во старт имаме исти ставови, исти цели и тоа посебно ме радува. Се надевам и верувам во една успешна и долга приказна, изјави пејачот Александар Тасевски.

Фидбек бенд доби засилување: Публиката го знае овој пејач, комбинацијата е полн погодок

Момците од познатата музичка група „Фидбек бенд” преку социјалните мрежи ја известија својата публика дека од неодамна имаат промена во нивниот состав.

Имено тие и нивниот довчерашен член, односно пејач, решија да ја прекинат соработката и секој да продолжи понатаму во кариерата.

Меѓутоа момците од групата не губеа многу време, па во своите редови и официјално го донесоа познатиот пејач Александар Тасевски, кој пак позади себе има богата музичка историја.

-Почитувани, со огромно задоволство ви ја објавуваме новата етапа во нашата музичка приказна! Нашиот бенд започнува соработка со исклучително талентираниот пејач Александар Тасевски, кој од денес официјално е дел од нашиот тим. Подготвени сме да ви понудиме нешто ново, модерно и уникатно. Доаѓаме со уште повеќе емоции и полна енергија заедно со нашиот нов член. Со почит FEEDBACK BAND, стои во соопштението кое го објавија членовите на музичката група.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Своето задоволство од новата соработка не го криеше ниту Александар Тасевски, кој истакна дека му претставува голема чест што добил покана да биде дел од „Фидбек Бенд”.

-Се договоривме за нецели пет минути со новите колеги. Тоа значи дека уште во старт имаме исти ставови, исти цели и тоа посебно ме радува. Се надевам и верувам во една успешна и долга приказна, изјави пејачот Александар Тасевски.

Тие веќе ги направија првите заеднички проби, а веќе се закажани и првите настапи.

Исто така важно е да се напомене дека Александар и „Фидбек” во моментов работат и на новите “кавер” песни, а на крајот на јануари ќе ја промовираат и нивната авторска песна.

Најнови вести од Познати

To top