Познати Најтешки моменти во животот

Емотивна исповед на пејачката: На проблематичниот син на Снежана Ѓуришиќ му дале 1 % шанса да преживее

Пејачката ја искористи приликата да апелира до сите луѓе да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол.

Емотивна исповед на пејачката: На проблематичниот син на Снежана Ѓуришиќ му дале 1 % шанса да преживее

Марко Гвозденовиќ, син на Снежана Ѓуришиќ, има бурно минато. Во неколку наврати отворено зборуваше за проблемите со алкохолот, поради што се влошија неговите односи со мајка му, а ретко кој знае дека во младоста имал сообраќајна несреќа во која настрадала неговата тогашна девојка.

Според тамошните медиуми, овој трагичен настан оставил длабока трага во неговиот живот и односите со блиските луѓе.

По несреќата Марко завршил во болница каде лекарите се бореле за неговиот живот. Снежана Ѓуришиќ, неговата мајка, со денови престојуваше покрај неговиот кревет и се молеше да оздрави.

-Лекарите ми рекоа дека мојот син има 1 % шанса да преживее, но јас бев убедена дека ќе остане жив, дури и додека го гледав на апаратите, изјавила Снежана.

-Кога мојот син беше во кревет, со часови размислував зошто ни се случува ова. Многу тешко го поднесов тој настан, но и ме нарави посилна. Дали тоа беше последица на моите надежи или интуиција, не знам. Фала му на Бога, се извлече, иако знам дека тој настан ќе ме следи додека сум жива. Секој што има семејство може да погоди како јас го поднесувам тоа, а секој муабет на таа тема целосно ме депримира. Кога се заврши, заклучив дека сум посилна од се и дека сепак сме среќни затоа што заедно сме живи и здрави, рече Снежана.

Пејачката ја искористи приликата да апелира до сите луѓе да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол.

-Тоа беа ужасни денови за нашето семејство, особено за семејството кое го загуби своето дете Јелена. Затоа апелирам до сите да не возат ако пиеле и да не седат во кола со некој што пиел. Тоа се најтешките моменти во мојот живот, заклучила пејачката.

Во медиумите кружеше приказна дека мајка му го исфрлила од дома, но Гвозденовиќ демантираше.

-Не, никогаш не се случило тоа. Имаше моменти кога не разговаравме, се разбира. Кога почина татко ми, јас побарав некои од моите права, таа некои нејзини, но мислам дека е толку глупаво да се зборува за тоа, тоа е зад нас. Ништо, поминаа многу години. Сега е совршена пријателка, беше мајка, сега е пријателка, се е во ред. Благодарам за сè, изјави своевремено тој во исповед за „Телеграф“.

Најнови вести од Познати

To top