Актерката Ивана Панзаловиќ објави фотографија на која ја уредува градината и предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Ивана покажа дека е вешта во градинарството, а сите се изненадија што ја крати живата ограда додека носи само минијатурно бикини.
View this post on Instagram
Животот на Ивана го одбележала големата траума која ја доживеала кога вереникот пукал во неа, а неодамна открила дека побарала стручна помош.
-Размислував до кога ќе ме следи прашањето за немилиот настан, а потоа природно излезе дека тоа не е нешто што можам да го демантирам, бидејќи, добро, тоа се случи. Она што можам да го направам е да не се враќам на тие мисли и да успеам во тоа. На почетокот беше многу тешко. Пред се имам прекрасно семејство, кое е секогаш со мене, пријатели кои многу ми помогнаа и вечно ќе им бидам благодарна. Ми требаше многу труд за да ги пренасочам мислите и да закрепнам, но и време, истакнува актерката.
Таа призна дека побарала помош и од професионалец.
-Секако, имав и помош од стручни лица, во форма на психотерапија и тоа не треба да биде табу тема. Исто така, важен издувен вентил за мене е физичката активност, редовниот тренинг, читав книги, гледав филмови, но многу брзо потоа почнав да работам. Некои колеги ми подадоа рака, ме повикаа на проекти, а работата е лек. Жал ми е што многу лоши сценарија од тој тип се случуваат насекаде околу нас. Младите девојки и жени треба да се грижат за себе во секоја смисла и да бидат многу внимателни, истакна таа.
View this post on Instagram