Познатиот македонски пејач на народна музика, Дамјан Стојаноски, син на легендарниот Војо Стојаноски, гради успешна кариера во Македонија и дијаспората.
Талентот го наследил од својот татко, но и љубовта кон македонските патриотски песни.
Денес на својот Фејсбук профил тој објави видео од својот прв настап, кога имал само две години.
-1997 година… Мојот прв настап на само две години, рамо до рамо со татко ми во легендарната Универзална сала. Една мисла имаме – од првиот здив, па сѐ до крајот, напиша Дамјан.
Уживајте во настапот: