Познати апсење

Еден од најпребаруваните луѓе на планетата е повторно зад решетки

Еден од најгугланите луѓе на планетата, Ендру Тејт и неговиот брат Тристан Тејт, повторно се уапсени во Романија по сомнение за сексуално насилство, пренесоа странските медиуми.

Еден од најпребаруваните луѓе на планетата е повторно зад решетки

Еден од најгугланите луѓе на планетата, Ендру Тејт и неговиот брат Тристан Тејт, повторно се уапсени во Романија по сомнение за сексуално насилство, пренесоа странските медиуми.

Двајцата ги негираа обвинувањата со кои се обвинети. Обвинети се за силување и трговија со луѓе во Романија каде и живеат веќе долго време.

На браќата Тејт им беше одобрена жалбата во август минатата година и беа осолободени од домашен притвор додека чекаат ново судење. Браќата Тејт прв пат се уапсени во својата куќа во Букурешт во 2022 година, а потоа се префрлени од затвор во куќен притвор.

Обвинителството тврди дека четворицата обвинети во 2021 година формирале криминална група за трговија со луѓе во Романија, но и во други земји, вклучуваќи ја САД и Велика Британија.

Во обвинувањето се наведуваат седум држави за кои се тврди дека браќата Тејт регрутирале со лажни ветувања за брак. Се очекува дека нивното судење ќе трае со години.

Овој случај предизвика големо внимание од јавноста, а браќата Тејт привлекоа голем број следбеници. Инфлуенсерот Ендру Тејт е познат по своите активности на социјалните мрежи.

Иако се соочуваат со сериозни обвинувања, браќата Тејт имаат право на фер судење и презумција на невиност до правосилност на пресудата.

Јавноста очекува дека во текот на судењето ќе бидат изнесени детали со кои ќе се расветлат многу работи и ќе се дознае вистината.

To top