Познати

Ѕвездата од серијата „Squid Game“ осуден на затворска казна поради сексуална злоупотреба

Тој има рок од седум дена да поднесе жалба или пресудата ќе биде потврдена.

Ѕвездата од серијата „Squid Game“ осуден на затворска казна поради сексуална злоупотреба

Ѕвездата на „Squid Game“ О Јеонг-су е прогласен за виновен за сексуален напад откако насилно бакнал и пипкал со колешка од театарот.

Окружниот суд Сувон денеска објави дека јужнокорејскиот актер е осуден на осум месеци затвор, а исто така му е наредено да присуствува на 40 часа предавања за сексуално насилство.

Судијата Јеонг Јеонџу изјави дека сведочењето на жртвата изгледа конзистентно и му се чини дека таквите изјави не можат да се дадат доколку жртвата всушност не ги доживеала. Сепак, 79-годишниот актер при напуштањето на судот изјави дека планира да ја обжали одлуката. Тој има рок од седум дена да поднесе жалба или пресудата ќе биде потврдена.

Инаку, О Јеонг-су беше обвинет во 2022 година за сексуална злоупотреба на жена, чиј идентитет не е познат.

Инцидентите се случиле во Сувон, каде актерот престојувал на театарска претстава во 2017 година, а нападите се случиле на пешачка патека и пред куќата на жртвата.

Овие обвинувања доведоа до тоа актерот да биде исфрлен од филм во Јужна Кореја.

За потсетување, О Јеонг-су го освои Златниот глобус за најдобра споредна машка улога во серија за неговата улога како ранлив старец во хит-серијата на Нетфликс „Squid Game“ и со тоа стана првиот Јужнокореец што ја добил оваа престижна награда.

Најнови вести од Познати

To top