Познати поради гасеници

Ѕвездата од филмот „50 нијанси сиво“ заврши во болница

Славниот 41-годишник уживал на одмор во Португалија со Смарт и уште неколку пријатели, но групата набрзо се соочила со непријатни здравствени проблеми.

Ѕвездата од филмот „50 нијанси сиво“ заврши во болница

Холивудскиот актер Џејми Дорнан (41) е хоспитализиран откако доживеал „симптоми слични на срцев удар“ додека бил на одмор во Португалија.

Здравствените проблеми настанале откако згодниот актер наишол на „токсични гасеници“, открил за медиумите неговиот пријател – водителот Гордон Смарт (43).

Славниот 41-годишник уживал на одмор во Португалија со Смарт и уште неколку пријатели, но групата набрзо се соочила со непријатни здравствени проблеми.

Гордон истакна дека и самиот почувствувал „печење и скокоткање во левата рака“, а набрзо во болница му рекле дека има забрзано чукање на срцето, односно дека има 120 отчукувања во минута. Откако излегол од болница, се вратил во хотелот, каде што го пронашол Дорнан во амбулантно возило како се жали на „вкочанетост во екстремитетите“, пренесува „Дејли мејл“.

„Излезе дека налетавме на влакнести гасеници и имавме среќа што воопшто бевме живи“, рече Гордон.

Малите влакна на овие гасеници, кои се претвораат во молци, имаат протеин наречен тауметопеја кој може да предизвика болна иритација на кожата, очите и грлото, како и осип, а во ретки случаи и алергиски реакции. Влакната лесно се отстрануваат од телото на гасениците, а ги има многу и лесно ги разнесуваат низ ветрот, па така допираат до луѓето и ги предизвикуваат гореспоменатите заболувања.

„Првиот ден одлично се забавувавме, игравме голф, излеговме, испивме многу вино и мартини. Како и да е, следниот ден повторно игравме голф, но сите бевме апсолутно во лоша состојба и почнав да чувствувам прво пецкање, а потоа скокоткање. Јас сум син на општ лекар и мојата прва мисла беше: „Ова е обично почеток на срцев удар“, изјави овој британски водител.

После тоа веднаш се упатил кон болницата, каде набрзо колабирал. Се разбудил во болнички кревет покрај доктор кој го прашал: „Што направи вчера, млад човеку?“.

Како и да е, набрзо бил ослободен, а кога се вратил во хотелот го чекало непријатно изненадување.

“О, Боже. Гордон, 20 минути откако замина на лекар, почна да ми трнат левата рака и нога. Потоа почна и десната нога, па мораа да повикаат итна помош, му рекол Дорнан.

Една недела подоцна, оваа приказна доби пресврт – докторот му се јави на Гордон и го извести дека неговите и симптомите на Џејми се предизвикани од токсични гасеници.

-На терените за голф на југот на Португалија има гасеници кои можат да убијат кучиња, а можат да предизвикаат срцев удар кај мажи во 40-тите години, објасни водителот.

Најнови вести од Познати

To top