Познати

Џејми Ли Кертис одлучи да ја промени кариерата: Сфатив дека наскоро ќе умрам

Џејми Ли Кертис одлучи да ја промени кариерата: Сфатив дека наскоро ќе умрам

Актерката Џејми Ли Кертис неодамна откри дека сознанието за смртта ја инспирирало да го промени текот на нејзината кариера во филмската индустрија.

Имено, 65-годишната оскаровка истакна дека бидејќи старее сака да продуцира „посилни“ филмови. Затоа одлучила да се занимава со продукција бидејќи сака да раскажува важни приказни.

Таа моментално работи како продуцент на претстојниот документарен филм за фитнес иконата Сузан Паутер од 90-тите. Истакнува дека работата на овој документарец ја натерала да размисли за нејзината позиција во филмската индустрија, која често ги отфрла жените на одредена возраст. Таа исто така основала продукциска куќа наречена Comet Pictures.

-Зачекорив во светот на продуцентите дури кога сфатив дека наскоро ќе умрам. Пресвртот се случи кога наполнив 60 години. Тогаш сфатив дека сите работи што ги чувам во мојата глава и душа ќе исчезнат ако не ги направам, рече таа.

Претстојниот документарен филм на режисерот Зеберија Њуман, кој Кертис лично го финансирала, истражува како Паутер го изгубила своето богатство и завршила работејќи како доставувач за Uber Eats.

Документарецот за Сузан Паутер всушност не е создаден само за да го прикаже нејзиниот живот, туку да укаже како ги отфрламе луѓето откако ќе остареат. Овде се особено критикувани луѓето кои ги „отфрлаат“ постарите членови на семејството и ги испраќаат во старечки дом.

To top