Познати

Џеј-Зи ја продолжува правната битка по обвинувањата за сексуални напади врз 13-годишничка

Џеј-Зи ја продолжува правната битка по обвинувањата за сексуални напади врз 13-годишничка

Американскиот рапер Џеј-Зи и неговиот адвокат Алекс Спиро ја продолжуваат судската битка против обвинувањата дека тој, затворениот Шон Комбс – Диди и сè уште неименувана „второкласна“ славна личност од женски пол (во поднесокот: „Селебрити Б“), учествувале во повеќекратни сексуални напади врз 13-годишно лице.

Федералниот суд во Њујорк пред три дена ги одби барањата на раперот да го дознае името на засега неименуваната тужителка „Џејн До“ која го поднела обвинението за случајот од пред повеќе од 24 години. А, додека се наближува судењето на Комбс за секс-трговија и другите наведени криминални престапи, Џеј-Зи, чие вистинско име е Шон Кори Картер (во поднесокот: „Селебрити А“), се надева дека „календарот и географијата“ ќе му помогнат против тужбата, пренесува „Јаху ентертејнмент“.

Судијката Аналиса Торес ги отфрли и барањата на Картер и Спиро околу поништувањето на обвинението против раперот.

„Тужителката тврди дека има повреда на Законот за заштита на жртвите од родово мотивирано насилство за однесување што наводно се случило во септември 2000 година. Но, Законот не е донесен пред 19 декември 2000, три месеци откако, како што тврди тужителката, се случило однесувањето, и не може да се применува ретроактивно, за да се создаде причина за тужба недостапна за тужителот во времето за коешто станува збор“, пишува Спиро во своето последно писмо до Судот.

Во таа смисла, адвокатот тврди и дека можноста на „Џејн До“ и нејзиниот адвокат Тони Базби да почнат правна постапка, истекла најдоцна до август 2021, повикувајќи се и на њујоршкиот Акт за децата-жртви и неговите измени во 2019 година

To top