Познати сеќавање

Девет години од смртта на Дејвид Боуви

Девет години од смртта на Дејвид Боуви

На 10 јануари во 2016 година, на 69 години почина популарниот британски пејач и актер Дејвид Боуви.

Околу еден месец пред смртта го издал својот нов сингл „Blackstar“. Тој бил музички активен цели пет децении и бил склон кон менување на музичкиот стил и имиџот. Боуви беше британски пејач, текстописец, инструменталист, продуцент, аранжер, актер.

Првата песна со која се прославил Боуви бил синглот „Space Oddity“ од 1969 година, која поради симнувањето на Месечината имаше голем успех. Најзначаен албум на Дејвид бил „The rise and the fall of Ziggy Stardust and the spiders from Mars“. Боуви останал активен до последниот ден.

Низ својата кариера Дејвид Боуви имаше неколку фази, низ секоја постојано реоткривајќи се себе си како уметник.

Покрај музиката, се занимаваше со глума, една од неговите највпечатливи улоги е ликот на Никола Тесла, кој го играл во филмот „Престиж“ на познатиот режисер Кристофер Нолан.

Најнови вести од Познати

To top