Единаесетгодишниот Амир Хасан го прашал принцот Вилијам за неговата финансиска состојба за време на неговата посета на проектот за млади Hideaway во Манчестер, Англија.
Тој му пришол на принцот и директно го прашал:
-Колку пари имате на сметката?“, пренесува британски Телеграф.
Идниот крал се насмеал пред да признае:
“Не знам”, одговорил Вилијам.
Децата присуствуваа на посетата на Вилијам и работеа на уметнички проект кој вклучувал шишање коса како од списанието. Го прашале и принцот дали сака да им се придружи.
-Јас сум буквално последната личност што треба да ја прашате. Косата ми исчезнува, се пошегува Вилијам со малите деца.