Познати Спомени

Десет години од смртта на Ацо Конга

Негова страст биле конгите, по што го добил и својот прекар.

Десет години од смртта на Ацо Конга

На денешен ден, во 2013-та година, почина музичарoт Ацо Богдановски, познат како Ацо Конга.

Првата група во која членувал Конга е „Макакус“ (1979) кога почнал да удира на конги. Бил дел од бендот „Нокаут“ формиран во 1997 година, на два албумa „Нокаут“ (1997) и „До последен здив“ (2001) каде се големите хитови „АБЦ“, „Фатална опсесија“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Телефонскиот број не постои“, „Илјада причини за крај“…

Ацо Богдановски – Конга беше роден во 1960-та година во Скопје, а почина на 23 декември 2013. Беше  најпознат како член на групата Нокаут.

Негова страст биле конгите, по што го добил и својот прекар.

Во 2013 години Конга добил карцином на коските и му била ампутирана раката. Неговите колеги одржувеле концерти и настани преку кои собирале пари за негово понатамошно лекување. Но тој не успева во таа битка.

Беше женет и татко на две деца.

 

To top