Познати Имаат иста насмевка

ДАЛЕКУ ОД ОЧИТЕ НА ЈАВНОСТА – ова се полубратот и сестрата на Филип Живојиновиќ, особено таа е вистинска убавица која е копија на него (ФОТО)

Таа помина неколку години со Боба Живојиновиќ, најпознатиот југословенски тенисер во тоа време, а во 1985 година го роди синот Филип.

ДАЛЕКУ ОД ОЧИТЕ НА ЈАВНОСТА – ова се полубратот и сестрата на Филип Живојиновиќ, особено таа е вистинска убавица која е копија на него (ФОТО)

Да се има брат или сестра е големо богатство, а од таа гледна точка Филип Живојиновиќ е богат човек. Неговите полубраќа Стефан и Виктор Живојиновиќ често се тема на медиумски написи, но малку е познато дека мајка му, му ги подари братот Марио и сестрата Ива.

Првата сопруга на Слободан Живојиновиќ, Зорица, во помладите денови важеше за една од најубавите белграѓанки.

Таа помина неколку години со Боба Живојиновиќ, најпознатиот југословенски тенисер во тоа време, а во 1985 година го роди синот Филип.

Зорица за втор сопруг го избра не помалку успешниот спортист, кошаркарот на Риека, Иво Накиќ, кој кога се запознале го носел дресот на „Партизан“.

Патот подоцна го однесе низ целиот свет, а сопругата секогаш беше покрај него.

Синот Марио го наследил „кошаркарскиот ген“ од својот татко, па и самиот е доста успешен под обрачите. Играше за „Партизан“, „Реал Мадрид“, а сега игра за „Андора“.

Филип е особено приврзан за сестра си Ива. Двајцата се исклучително блиски и ја користат секоја прилика да поминуваат време заедно. Исто така, одлично се сложуваат во бизнисот, а Ива работеше и како костимограф на филм кој го креираше нејзиниот брат, а последен пат имавме можност да ја видиме на Инстаграм на Филип.

Многумина коментираат дека имаат иста насмевка, но и дека се многу слични по природа. И секој пат кога Филип објавува слика со неа, под неа на сметката на Ива се појавува море од пофалби и комплименти.

Зорица и Боба успеаја да го направат она што ретко кој успеа да го направи, да останат во пријателски односи по раскинувањето.

Заедно се грижеа за синот, кој по разводот остана со татко му, а секогаш кога ќе се поставеше прашањето што мисли Лепа Брена за првата избраничка на Боба, таа објавуваше фотографија од нивниот заеднички ручек и на тој начин покажуваше дека нема простор за озборувања.

 

Најнови вести од Познати

To top