Синот на српската пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко ја сподели радосната вест дека тој и неговата сопруга Богдана го очекуваат третиот син.
Имено, тој објави преслатка фотографија од неговите синови Жељко и Крстан на која напиша:
View this post on Instagram
– Доаѓа уште еден батко.
Цеца е позната по тоа што во текот на кариерата можеше да се пофали со исклучително витка линија, а тоа беше случај дури и кога беше бремена со синот Вељко во 1996 година и Анастасија во 1998 година.
Пејачката додека била бремена, гостувала во една емисија, а на прашање на гледач како ќе се вика нејзиното дете, одговорила:
Ако е девојче, ќе се вика Анастасија, а ако се роди момче, ќе се вика Милош.
Името Милош, како што рече, го избрала поради фудбалскиот клуб Обилиќ, кој бил во нејзина сопственост.