Светлана Цеца Ражнатовиќ стана баба по трет пат вчера на 14 мај откако на свет се роди Исаиј.
Откако ги дочека гостите во вилата на големата прослава реши да ги испочитува и новинарските екипи како и фоторепортерите и камерманите, па излезе да даде изјава за нив.
Пејачката во таа прилика откри за несекојдневното име на внукот за кое во последен момент се одлучиле Вељко и Богдана.
-Пресречни сме сите, имаме многу гости. Не постои ништо поубаво од ова што ни се случи. Што е Божја волја, тоа и ќе биде. Ќе биде убаво да добијат и ќерка, порача Цеца, а потоа откри дека се слушнала со Богдана веднаш по породувањето.
„Одлична е, се слушнавме неколку пати денес. Брзо се разбудила од анестезијата, тоа е жена змеј, не се ни сомневав“, вели Цеца.
За несекојдневното име кое му го дадоа вели дека била изненадена кога двајцата се одличиле за тој чекор, бидејќи претходно се одлучија за името Илијан.
На прашањето да беше Аркан жив што би му порачал на Вељко таа вели дека тој сигурно би бил горд на него.
„Не постои ниту една единствена причина да не биде горд на него, децата ни израснаа во здрави, нормални луѓе. Во луѓе за какви ние двајца планиравме да израснат, како да се формираат и благодарна сум за послушаните молитви од Бог. И не барам ништо повеќе од тоа“, вели Цеца.