Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ често знае да ги изненади членовите на своето семејство со разни подароци, од едноставни ситници, до многу скапи подароци.
View this post on Instagram
Меѓу најскапите подароци спаѓа и последниот купен од Цеца до својата ќерка Анастасија, станува збор за часовник од марката „Ролекс“ во вредност од 20.000 евра.
Сите знаат дека Цеца не штеди кога се во прашање нејзините деца. На Вељко и Анастасија од мали нозе им всади дека материјалните работи не се важни колку што е поважна љубовта и среќното семејство, но како и секој родител, сака да им подари скапи подароци. Така Цеца на ќерката за 25-от роденден и подари „Ролекс“ кој чини 20 илјади евра. Цеца долго време не купила такво нешто, но сакала да ја израдува за својот роденден, истакнал добро упатен извор до семејството.
View this post on Instagram
Тој додава дека Анастасија иако го има од мај, дури сега започнала да го носи во јавноста, а најмногу во друштво на сопругот Немања Гудељ.
Часовникот е направен од бело и жолто злато. Тој модел има посебен механизам и направен е од 18 каратно злато, има заштита од гребење и е водоотпорен. Самиот механизам е еден од најдобрите кои го прави оваа швајцарска компанија, додава изворот.