Анѓела Игњатовиќ Бресквица стана една од најбараните пејачки на помладата генерација по Изборот за песна на Евровизија, каде што се претстави со песната „Орлово гнездо“.
Иако пејачката не успеа да биде претставничка на Србија на Евровизија 2024, таа ја воодушеви публиката, па кaде и да оди прави хаос. Така таа дојде да му даде поддршка на колегата Слобо Радановиќ на промоцијата на неговиот нов албум, каде во еден момент пееше, за што беше наградена со голем бакшиш.
Имено, младата пејачка за оваа прилика ја изведе песната „Гнездо орлово“, која стана голем хит. Песната ги трогна сите присутни, кои на крајот на вечерта поради неа останаа со празни џебови.
Како што пишува „Мондо“, на почетокот Бресквица не сакаше да земе бакшиш, но гостите толку многу инсистираа затоа што им го допре срцето што пејачката на крајот попушти под притисокот, а присутните беа шокирани од сумата на пари што ја доби во една минута.
„Бресквица заработи повеќе од Роналдо, дури и тој не заработува по 1.000-2.000 евра секоја минута, што нејзе ѝ успеа. Со оваа песна направи таков хаос, летаа пари насекаде, најмалата банкнота беше 500 евра, секоја чест за неа, никој не може да ѝ парира на сцената во моментов“, тврди извор кој бил на местото на настанот.